Звучи помалку нереално, но ниту еден селектор од тие што водеа репрезентации на ЕП не е сменет по првенството во Хрватска.
Меѓу исчекувањето ХРС да го (раз)реши Лино Червар и забавните текстови во кои германските стручњаци пукаат со сите оружја кон Кристијан Прокоп за кого платија 500.000 евра за да го земат од Лајпциг, тестирањата на нервите на Унгарците со Врањеш и потенцијалната суспензија на Вујовиќ за неговите прес конференции... стигна информацијата за првата оставка.
Виталиј Андронов, нам добро познат од квалификациите во јуни си поднесе оставка на позицијата селектор на Украина.
Украина која нам широко ни ги отвори портите на ЕП со победите над Исланд и Чешка, додека траеше ЕП, играше квалификации за бараж на СП во Италија. Таму ги совладаа Фарските Острови, а потоа, екипата во која играа Онифриенко, Дорошчук, Шевелев, Жуков... загуби од Италија!
Последната шанса да се пласираат во баражот ја пропуштија кога во еден хаотичен натпревар одиграа нерешено со Романија, нашиот следен противник.
По ова, Андронов, со образложение дека ќе му треба долго време за да сфати што се случило во Италија, на челновите на УО им ја поднесе својата оставка. Таа е прифатена и сега се чека неговиот наследник, што ќе биде одбран по „темелни консултации“.
Поврзани вести