Еко зона во Skopje City Mall

Жителите на Скопје ќе можат да го остават својот електричен и електронски отпад во новата еко зона во Skopje City Mall. Како што информира Општината Карпош, наменските контејнери во еко зоната, отворена во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје, се наменети за одложување на поститните делови на електричниот и електронскиот отпад.

За поголемите електрични апарати  како телевизори, машини за перење, бојлери... граѓаните можат да се јават на 070-236-000, по што, отпадот ќе биде подигнат директно од нивните домови.