Унгарија ги сака Илиќ и Сулиќ, а го враќа и Наѓ?

Откако Унгарија, една од најреспектабилните репрезентации за противник во баражот за пласман на СП ја доби Словенија, претседателот на нивната федерација изјави дека ќе направат буквално се за да се пласираат на следното СП. 

Унгарските медиуми малку подетално анализираа што значат зборовите на нивниот претседател и обајвија кои се адути би можеле да ги искористат. 

Деновиве е актуелно дека Унгарците точно како што беше кажано, по секоја цена за баражот ќе се обидат да го вратат назад во репрезентацијата Ласло Наѓ. Тоа е да кажеме и очекувано, но најавите добиваат и нота на сезнација. 
Унгарија наводно ќе направи обид да ги натурализира Хрватот Ренато Сулиќ и Србинот Момир Илиќ. Двајцата се играчи на Веспрем и имаат унгарски државјанства. 
Со Момир Илиќ ќе имаат проблем, затоа што неговиот последен настап за Србија е 14 јуни 2015. Реваншот меѓу Унгарија и Словенија треба да се игра на 14 јуни 2018. Точно три години колку што налагаат правилата. Ситуација што може да се толкува и така и вака. Но, прво ќе треба да го наговорат Илиќ, потоа и ЕХФ. 
Јасно ова е само идеја со која се занимаваат унгарските и словенечките медиуми, но каде што има дим, има и оган. 

Словенија ја елиминираше Унгарија во квалификациите за СП 2015 и тоа Унгарците сигурно добро го паметат. Посебно затоа што нивните резултати на големите натпреварувања не се сјајни. На ЕП Полска завршија зад Македонија (12 место), на СП Франција стигнаа до 1/4 финалето и таму беа декласирани од Норвешка, а сега на ЕП Хрватска со три порази уште во првиот круг го завршија настапот. 

Познати се по натурализирање играчи, во нивните редови сега игра Иман Џамали, но претходно сме ги гледале и Карлос Перез, Иво Диаз потоа Пуљезевиќ, Еклемовиќ и Кривокапиќ. Ако не бидат Сулиќ или Илиќ, можеби ќе биде некој друг-трет... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk