Стартува проектот Академија Младост

Ракомениот проект што треба да го обедини југот на земјата и да го врати ракометот на место кое во минатото го имаше во овој дел од државата стартува следната недела. 

Мите Стоилов е предводник на новиот клуб Академија Младост кој е регистиран и ќе влезе во натпреварувачкиот календар следната сезона. 

Целта не е да се направи клуб што ќе се натпреварува во Првата или Супер Лигата, цел е да се направи клуб што ќе ги привлече децата и младите од Богданци и околните места, па и градови да почнат да играат ракомет, да влезат во целата ракометна приказна и да станат спортисти што ќе тренираат по проверени и модерни методи. 

Мите Стоилов ќе биде главниот тренер на клубот, а ќе му помагаат Никола Роглев, Горан Паунков и Илија Динов. Веќе имаме информирано за плановите и стратегијата на новиот клуб каде што, за кој како што дознаваме веќе има голема заинтересираност, главно од ракометарите на Младост 09 Богданци, екипа што се избори за место во Супер лигата, но не најде доволно спонзори да се може да се натпреварува во најсилниот ранг. 

Единственото што сега преостанува, е да им посакаме успешна работа. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk