Пластиката ги разболува коралите

Знаеме дека пластиката во океаните ги убива рибите, желките, китовите и птиците, но научниците, неодамна докажаа дека пластиката ги разболува и коралите. Истражувањата направени во Азија и во Австралија, докажуваат дека коралните гребени покриени со пластични кеси, имаат 90 проценти поголеми шанси да заболат од различни болести.

Во период од три години биле истражени повеќе од 124.000 корали на 159 гребени во Пацификот, кој е дом на над 55 проценти од светската популација на корали. Проценето е дека во океанот има над 11 милиони пластични предмети, од штипки со најлонски кеси, што директно се поврзани со болестите кај коралите.

„Пластиката може да им наштети на коралите на многу начини“, вели Joleah Lamb, океански биолог на универзитетот Cornell.

Остатоците од пластика можат да создадат стрес кај коралите, со тоа што ќе има ја попречат светлината или кислородот, можат да им го оштетат ткивото или да им ги отсечат краците, или пак да им донесат вируси и бактерии, кои не се карактеристични за нивниот свет.

Решението, вели Lamb, е во имплементацијата на строги закони за управување со отпад, особено во Индонезија, и другите земји во развој во Пацификот, каде е регистриран најголемиот удел на пластиче отпад во океанот. Истовремено, мнора да се работи и на намалување на употребата на пластични чаши, чинии, шишиња и друг пробор насекаде во светот. 

Извор:www.theverge.com