Црвени налепници за колите што загадуваат

Автомобилите во Скопје во иднина ќе имаат еколошки налепници со кои ќе се регулира нивното движење во деновите кога воздухот е загаден. На средба на претставници на Градот Скопје и министерствата за животна средина и внатрешни работи било договорено начинот на кој што ќе се добиваат еколошките налепници ќе се уредува со измените на Законот за животна средина.

Според најавите, возилата кога ќе поминуваат технички преглед, врз основа на тоа кој ЕУРО стандард го исполнуваат, ќе можат да добијат црвена, портокалова или зелена налепница.

Дополнително и Општините во кои има загадување на воздухот ќе треба да донесат акти со кои ќе можат да воведуваат посебен режим на сообраќај – зонирање и да воведат заштитени еколошки зони во кои ќе има забрана на движење на возилата со црвена еколошка налепница.

Во законот треба да се инкорпорираат и нови одредби со кои ќе бидат утврдени формата и дизајнот, набавката, контролата, дистрибуцијата, висината на глобите и инспекцискиот надзор.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk