Jumanji (2017)

Ако сте го гледале првиот дел снимен во 1995 година, тогаш не пропуштајте да го погледнете ниту продолжението од авантуристичката комедија Jumanji. 

Очекувавме некакво промашување како вообичаено се случува кога се прави римејк или продолжение на некој хит од пред 20 години, посебно ако главниот лик во филмот го глумел неповторливиот Робин Вилијамс. Но, на пријатно изненадување, добивме сосема ново и освежувачко филмче. 

Се работи за семејно филмче во кое вашето дете сигурно ќе ужива, а ќе уживате и вие. Иако трае речиси 2 часа, не е воопшто напорен за гледање, ефектите се одлични, другото не е ни многу битно. 

Јасно, ако се решите да го гледате, имајте на ум за каков филм се работи, пред да кажете дека „не гледате такви филмови“. ИМДБ рејтинг од 7.2 и 500 милиони долари заработени наспроти 90 милиони вложени, кажуваат дека ова е филм што, сепак, треба да се гледа.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk