Никако, никако, никако не смееме да ги потцениме

Македонија го дозна името на противникот во бараж квалификациите за следното СП.Тоа е Романија, екипа што со години се обидува да обезбеди пласман на големо натпреварување и никако да им успее. 

Доведоа и шпански селектор и тоа познато име. Чави Пасквал, поранешен тренер на Барселона. Ниту тој во првиот обид не успеа, иако стартот на квалификациите им беше добар. 

Аце Јоновски, македонскиот дефанзивец е на прагот на репрезентативна пензија, но не го пречекорил уште тој праг. 


„Разговарав со Раул, ми рече да не брзам. Јас и претходно кажав дека сум тука да помогнам, кога и да е. Ќе видиме, стојам на располагање, ако бидам потребен, ќе дојдам да помогнам“, вели Јоновски. 


Следниот противник е една од ретките репрезентации со кои не сме играле со години. 

„Никако, ама никако, никако не смееме да ги потцениме. Ние ја имаме улогата на фаворит, но не смееме да се однесуваме како да сме фаворити и да сметаме дека лесно ќе минеме. Амбициозни се, доведао тренер и тоа не кој било туку тренер на Барселона. И тоа кажува многу за нив. Имаат првенство во кое секој секого може да победи и тоа ги држи сите на штрек. Имаат и неколку интернационалци што играат добро во своите клубови. 
Можеме, добро е што избеганавме неколку посилни имиња, но нема да се залажуваме дека ова е завршена работа“, вели Јоновски. 


Натпреварите ќе се играат кон средината на јуни. Дотогаш ќе следиме се што се случува во романската репрезентација. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk