Романија ни стои на патот до СП

Македонија за пласман на Светското првенство во Германија и Данска во јуни ќе игра два квалификациски натпревари со репрезентацијата на Романија. 

Противник каков што посакувавме, иако ќе бидеме искрени и ќе кажеме дека со навивавме за Холандија или Литванија. 
Романија може да биде опасен  противник, но имаме доволно време и квалитетни информации за да се подготвиме за нив најдобро што можеме. 


БАРАЖ ПАРОВИ ЗА СП 2019
Македонија - Романија
Словенија - Унгарија
Србија - Португалија
Холандија - Шведска/Шпанија
Хрватска - Црна Гора
Норвешка - Швајцарија/БиХ
Литванија - Исланд
Белорусија - Австрија
Чешка - Русија
 
Бидејќи Швајцарија се жалеше за настапот на играчот на БиХ, Томислав Нуиќ (играл, а не бил во записникот), резултатот од квалификациите не е регистриран. БиХ победи во квалификациската група, но доколку биде констатирана повреда на правилата Швајцарија ќе го заземе нивното место. 

Со оглед на бројните различни информации околу системот на квалификации, посебно низ странските медиуми од ју-просторите, да појасниме. Уште во јуни минатата година на состанок на Извршната комисија во Загреб беше одлучено 12-те места што на Европа и припаѓаат за СП да бидат распределени на следниот начин. Европскиот шампион и двата домаќини на следното СП да бидат директно квалификувани. Тука е и Франција како светски првак со што бројката на европски екипи се зголеми на 13. Другите девет места да се пополнат со бараж натпревари. Најдобрите девет репрезентации од ЕП да бидат во еден шешир, трите најслаби од ЕП и шест квалификанти да бидат во вториот.

Натпреварот за петто место на ова првенство беше вишок натпревар што направи забуна во начинот на кој се распределуваат местата на СП. Тој е „наследство“ од претходниот систем на квалификации (шампионот, светскиот првак и трите најдобри од ЕП одеа директно на СП). Тој меч едноставно требаше да биде избришан од календарот на натпревари, но не беше. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk