Од био маса ќе се произведува еколошка пластика

Кога Џон Весли Хајат ја патентирал првата индустриска пластика во 1869 година, неговата намера била да создаде алтернатива на слоновата коска која се користи за да се направат типките на пијаното. Но, оваа рана пластика предизвика револуција во начинот на кој луѓето размислувале за производство: Што ако не сме ограничени само на материјалите што природата ни ги нуди?
 
Еден век подоцна, пластиката зазема огромен дел од секојдневниот животна милијарди луѓе. Но, и да не ја занемариме нејзината корисност, сепак мора да потенцираме, пластиката се добива од нафта, што вклучува употреба на фосилни горива и испуштање штетни емисии на стакленички гасови. За да го променат тоа, научниците од Great Lakes Bioenergy Research Center (GLBRC) се обидуваат да развиваат нови и обновливи начини за создавање пластика од биомаса.
 
Користејќи растворувач добиен од растенија, наречен GVL (гама-валеролактон), професорот по хемиски и биолошки инженеринг на Универзитетот во Висконсин-Медисон, James Dumesic и неговиот тим развија економичен и високоприносен начин за производство на фурандикарбоксилна киселина, или FDCA, неопходен претходник на обновливата пластика наречена PEF. 
 
За разлика од еколошката PEF, PET пластиката која денеска има најширока употреба е нафтен дериват. ПЕТ во моментов има побарувачка на пазарот од близу 1,5 милијарди тони годишно, а најголеми потрошувачи се компаниите Кока-Кола, Форд Моторс, ХЈ Хајнц, Најк и Проктер и Гембл. Тие се обврзаа да развијат одржлив извор на амбалажа, поточно одлучија да инвестираат во истражувањата за добивање „зелена“ пластика која целосно ќе го замени PET  во нивните шишиња, пакувања, облека и обувки. 
Извор sciencedaily.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk