Акопјан заврши во болница

Еден од најпознатите руски тренери, Левон Акопјан, е хоспитализиран и ќе ги пропушти веројатно сите натпревари на својата Лада Тољати во јануари. 

Рускиот клуб и медиуми не откриваат која е причината поради која Акопјан завршил во болничка постела, но велат дека не е опасно, иако датумот кога ќе биде отпушен и ќе се врати на терен не може да се предвиди. 

Со изјава се јави и Акопјан кој вели дека се ќе биде во ред и дека во моментот најголем проблем досега му било да најде „лајв стрим“ на интернет за натпреварот од ЕХФ Куп кој неговата Лада вчера го одигра со Копенхаген. 
Инаку, Лада и без првиот тренер славеше победа од 27:24 (15:10). 

Левон Акопјан во ерата на Кометал Ѓ. П. беше во блиски односи со нашиот клуб, а на ЕП 2008 на кое домаќин беше Македонија, имаше улога на стручен советник, а во пракса беше селектор на македонската репрезентација. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk