СП 2019: Стрес тест за БиХ

Како увертира за Европското првенство во Хрватска и се тоа што ќе се случува на последниот ден од континенталниот шампионат, денеска се играат натпревари од квалификациите за СП 2019. 

На последниот ден од ЕП, според праксата на ЕХФ и ИХФ се одржува ждрепка за бараж натпреварите за наредното СП, во случајов СП Данска и Германија 2019. 

Девет екипи учесници на ЕП ќе бидат во првиот шешир, трите последни од ЕП во вториот и уште шест репрезентации што играат квалификации за пополнување на вториот шешир. Во овие квалификации има незгодни екипи како што се Русија која денеска во Луксембург треба да направи уште еден чекор напред, потоа Полска, Португалија...

Денеска се игра клучен натпревар во Талин, во група во која се БиХ, Естонија и Швајцарија. Првата пресметка беше меѓу БиХ и Естонија и откако БиХ лесно победи на домашен терен се очекуваше и од Талин да се врати со целиот плен. Но, БиХ од Талин се врати со празни раце, а сега е редот на Швајцарија да гостува во талинскиот бастион „Калев“. 
Нервите на БиХ ќе бидат на вистински тест денеска. Ако Швајцарија победи, тогаш на дуелите со БиХ ќе им треба само една победа за да се квалификува за бараж, односно БиХ ќе мора двапати да ја совлада Швајцарија. 
Ако „киксне“ и Швајцарија, веројатно ќе се направи т.н. „круг“ и шансите на БиХ на дуелите со Швајцарија во директната пресметка ќе бидат пореални. 
Искрено, не би сакле да сме на местото на репрезентативците на БиХ кои за „киксот“ во Талин, можеби ќе платат со учество на СП. 

Утре во Истанбул, Холандија ќе има историска шанса да направи исчекор и веројатно да обезбеди пласман во баражот и со тоа да стане можен и посакуван ривал на Македонија од која очекуваме да се избори за место во првиот шешир. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk