Тунис и Емирати се скараа поради женски судии

Машкиот тим на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги откажа двата контролни натпревари со Тунис, иако веќе беа пристигнати на лице место и одработија еден тренинг. 
Официјално ОАЕ се откажа од натпреварите од технички причини затоа што имале 10 отсутни играчи, а четири им биле повредени. 
Тоа е напишано во официјалното соопштение, но медиумите пишуваат дека ОАЕ ги откажал натпреварите од други причини. 

Имено, Тунис одредил женски судии за овие натпревари. По ова следела одлуката на ОАЕ да ги откаже натпреварите. 

Тунис, пак, одредил женски судии како солидарност за Тунижанките кои биле вратени од летовите за ОАЕ. ОАЕ со изговор „безбедносни мерки“ вратил многу патнички од Тунис, им биле проверувани визите, барани дополнителни документи итн. Тоа не го сторил во кооридинација со Тунис и веднаш односите биле заладени.
Следуваше назначувањето на женски судии и отказот од ОАЕ... 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk