Кокшаров и Дејвис не знаат за пораз

Руската репрезентација долго време не можеше да се пронајде на терен, иако во нивните редови има неколку ракометари со врвен квалитет. 
Не само што Дибиров, Горбок, Атман, Игропуло ... не направија резултат за паметење, туку и отидоа во спротивен правец и не успеаја да ги минат ниту квалификациите за ЕП, па сега ќе играат претквалификации за СП Германија и Данска. 
Откако на кормилото на Русија дојде директорот на Вардар, Едуард Кокшаров, кој со себе го повлече и Давид Дејвис, на Русија и тргна. 
Немаат пораз под нивно водство, победија убедливо на двата квалификациски дуела (Словачка и Финска) и извесно ќе се најдат во вториот шешир за време на ждрепката за СП Германија и ќе бидат најнепосакуваниот противник од таму. 
Победите им заредија, па така вчера лесно ја преслушаа и репрезентацијата на Романија, тим што има потенцијал да биде незгоден за многу екипи.  Резултатот е 25:18, а вечерва ќе играат за првиот трофеј. Пехарот што го добива победникот на Жолтиот Куп што се игра во Винтертур. Противник ќе им биде Швајцарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk