Филип Јиха на клупата на Кил

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон, во интервју за германскиот весник Килер Нахрихтен, објави неколку интересени детали за Кил и пласновите за следната сезона. 

Алфред Гисласон останува тренер иако годинава во еден момент беше многу блиску до тоа да добие отказ. Гисласон ќе има нов помошник - Филип Јиха. Пензионираниот Чех ќе стажира на клупата, а планот е во иднина и да стане прв тренер. 

Лукас Нилсон и Никлас Екбегрг ќе ги продолжат договорите со Кил и ќе продолжат со „зебрите“, но тоа нема да биде случај и со Рене Тофт Хансен. Тој сакал да си замине, а Гисласон објави дека според неговите информации, ќе се врати да игра некаде во Данска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk