Хрватските ракометари играа меѓусебе на тренинг натпревар, а на трибините имаше над 1000 гледачи што сакаа да им дадат поддршка и да ги видат на дело, макар на тренинг.
Контролата се одржи во Иваниќ град, а секој потег на Дувњак, Циндриќ, Карачиќ бил проследен со овации од трибините. Така Хрватите можеа да ја почувствуваат поддршката од домашната публика и сигурно тоа ќе влијае на нивното расположение во пресрет на натпреварот со Србија.