Дешванден ја потопи Србија

Репрезентацијата на Србија, еден од тимовите со кои Македонија ќе ја контролира својата сила во јануари, загуби на својот прв тест натпревар.

Србија игра на турнир во Швајцарија, а во првото коло, воедно и пполуфинален меч беше поразена од Швајцарија (32:28). Швајцарците постојано ја контролираа играта, во неколку наврати водеа и со 4 и 5 гола разлика и нивната победа е сосема заслужена. 
Дешванден со 11 гола беше најефикасен, а единствениот од редовите на Србија кој му парираше беше Петар Ѓорѓиќ кој постигна 10 гола. 
На Јовица Цветковиќ му недостасуваа многу играчи, но и за Швајцарија не играше Енди Шмит, така што нема оправдување во некомплетноста. 

Србија денеска ќе игра со Романија, а Швајцарија во финалето силите ќе ги одмеува со Русија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk