Каландаѕе ќе му асистира на Бошковски

Повозрасните навивачи на Вардар секако ќе се сетат на грузискиот лев бек Тите Каландаѕе, еден од лидерите на „црвено-црниот“ тим кој во 1998 година испиша клупска историја. Тогаш Вардар за прв пат се пласирашепласманот во полуфиналето на КПК, каде што загубија од Просеса Адемар, екипа за која играа Алберто Ентрериос, Хозе Омбрадос, Рубен Гарабаха и тогашните ѕвезди Перез Канка, Колон, Панадеро итн. 

Тите Каландаѕе е новиот асистент на Андон Бошковски кој од неодамна е промовиран за селектор на репрезентацијата на Грузија. Каландаѕе по заминувањето од Вардар играше во Италија, на Исланд, а кариерата ја заврши во 2011 и оттогаш работи со млади категории на играчи. 

Грузија во јануари, во Литванија ќе игра претквалификации на кои ќе бидат уште и Израел предводен од Звонко Шундовски и Летонија предводена од Денис Криштопанс.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk