Се ближи стартот и расте понудата за ЕП

Како се доближува старот на Европското првенство во Хрватска, почнува да се зголемува и понудата која ја даваат различни туристички агенции низ Македонија. 

И натаму не може да се направи солидна проценка за тоа колку Македонци ќе има на натпреварите на Европското првенство во Загреб, евентуално и во вториот дел од првенството. 
Ова е затоа што бројката на фанови што одат во сопствена режија не е занемарлива, па оттука остануваме на првичната проценка дека околу 2000 навивачи ќе ја бодрат Македонија. 

Оскар Травел  една од агенциите што има поголемо искуство со ракометните настани, ја намали цената за сместување, а објави и дека понудата е проширена со фактултативни излети до Италија, по тоа нуди и опција да се користи само превоз и тоа по мошне поволно, а како опција има и купување на билети и тоа поради поголемата побарувачка обезбедени се билети за секторот 312...

Пилот Травел, уште една агенција која е поврзана со настапите на македонската репрезентаија, главно се фокусира на продажба на билети за првенството, велат дека има заинтересираност, но не можат да прецизираат колку луѓе ќе одат преку нив на првенството. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk