Ракометна доминација во изборот на најдобри

Дека ракометот е спорт број еден во Македонија е позната и призната работа, а новата потврда стигна годинава на доделувањето на наградите за најдобри спортисти во организација на Агенцијата за млади и спорт. 

Капитенот на европскиот првак Вардар, Стојанче Стоилов, го доби главниот „оскар“, тој што се доделува за најдобар спортист.
Претседатлот на РФМ, Живко Мукаетов ја доби наградата за најуспешна федерација, капитенот на машката репрезентација и најдобар стрелец на СП 2017, Кире Лазаров доби специјална награда.
Јуниорската репрезентација до 21 година со освоеното шесто место на СП стана најуспешен машки национален тим, а веројатно без никакви дилеми Раул Гонзалез беше изгласан за тренер на годината. Награда доби и женската кадетска репрезентација како најуспешен женски национален тим.

фото кредит: ekipa.mk

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk