Три Германки завршија со репрезентацијата

Кога Холанѓанецот Хенк Грунер, новата година ќе ја почне како селектор на женската репрезентација на Германија, пред себе ќе има предизвик каков што можеби не очекуваше. 

Три репрезентативки потврдија дека во иднина нема да настапуваат за репрезентацијата. Тоа се искусниот голман Клара Волтеринг, левиот бек Надја Масон, можеби попозната како Надја Надгорнаја, а денеска крај не само на репрезентативната туку и воопшто на активната кариера најави и капитенот на Турингер Керстин Воболд.

Воболд ќе ја доигра сезоната во која е обврзана со договор со германскиот тим, а потоа за неа почнува нов живот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk