Манасков во Веспрем до 2020 година

Дејан Манасков останува во Веспрем до 2020 година. Унгарскиот клуб денеска објави дека продолжил соработка со шест ракометари, а еден од нив е и миленикот на публиката во најпознатиот унгарски ракометен центар. 

Манасков летово дојде во Веспрем, а се предвидуваше дека нема да остане долго затоа што Веспрем веќе ги има договорено и Хрватот Мануел Штрлек и Французинот Кентин Мае, двајца ракометари што играат на левокрилната позиција во клубот. Но 64 гола на 21 натпревар беа доволни за унгарскиот тим и Љубомир Врањеш да го сменат мислењето и да му понудат нов договор на македонскиот ракометар. 
По ова, Французинот Кентин Мае, веројатно ќе биде користен како универзален играч. 

Ова е убава вест, Веспрем е еден од најсилните тимови во Европа, со амбиции да ја освои Лигата на шампионите. Манасков има пред себе доволно време, квалитетен тренер и одлично организиран клуб за да може да напредува и да се надоградува, а бенефит од тоа ќе видиме и во машката репрезентација. 

Другите пет играчи кои продолжија договор со Веспрем се Блаж Благотиншек, Мирсад Терзиќ, Драган Гајиќ, Мате Лекаи и Андерас Нилсон. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk