Кадетите последни во Романија, Кизиќ нај голман

Македонскиот кадетски состав и на својот втор турнир на кој настапи, го освои последното место. Во конкуренција на Израел, Романија и Украина, македонскиот состав запиша три порази, последнио од Украина, најубедлив со седум гола разлика. 
На полувреме беше само гол негатива за Македонија, но како на претходните два меча, второто полувреме беше многу послабо и противникот резултатски се одлепи. Тоа го наптави мошне рано, а Македонија не беше закана во вториот дел. Имаа Украинците водство од седум гола разлика и во текот на полуремето (30:23), на крајот победија со 32:25.

Индивидуалните остварување не не одминаа. Дека имаме квалитет видоа и организаторите, па голманот на Македонија, Марко Кизиќ беше избран за најдобар голман на турнирот.
Од играчите во поле, нас најдобар впечаток ни остави централниот бек Мартин Карапалевски, посебно на натпреварот со Романија. 



Дел од кадетската репрезентавција ќе и се приклучи на јуниорската која ќе одигра два контролни натпревари со Бугарија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk