Само два германски тима во ЛШ!

Извршниот комитет (Executive Committee - EC)  на ЕХФ, на својот последен состанок одржан вчера во Хамбург, донесе неколку важни одлуки што ќе влијаат врз целиот европски ракомет. 

Како една од најважните ја издвојуваме одлуката следната сезона во ЛШ на Германија да не и се скратат  две места и да го остават само шампионот во ЛШ како што беше најавено. Но, нема да добијат ни дополнително место како што добиваа секогаш досега. 

Ова значи, дека поради проблемите со термините кои настанаа за германските екипи во ЛШ, откако Бундес лигата одбра да игра во четврток и сабота, Германија следната сезона ќе има само 2 претставника во Лигата на шампионите. 
Така е според рејтингот за 2018/19 година објавен во јули годинава. На Германија за следната сезона и следуваат две места во ЛШ и три во ЕХФ Куп. 
Ова значи дека прв пат по 2003 година или вкупно втор пат во последните 25 години во Лигата на шампионите нема да го видиме Кил. „Зебрите“ имаа лош старт и заостануваат зад РНЛ, Берлин и Флензбург, па тешко дека ќе дојдат во позицијата број два во Германија. 
Затоа, пак, ЕХФ Куп ќе биде многу поатрактивен. 


Фајнал фор турнирот во ЕХФ Куп, годинава ќе се одржи во Магдебург. Тоа е финалната одлука на ЕХФ. 

На крајот на јануари во Хрватска, на наредниот состанок на EC) ќе бидат обелоденети сите детали околу втората квалификациска фаза за ЕП 2020. Да потсетиме тоа е првото ЕП што ќе се игра со 24 репрезентации и поради тоа системот на квалификации е поинаков. 

Репрезентацијата што ќе стане нов европски шампион во Хрватска, плус домаќините Австрија, Шведска и Норвешка нема да играат квалификации, но ќе играат меѓусебе во група додека другите репрезентации ќе играат во квалификациите. 

Друга битна одлука е верификацијата на меморандумот за разбирање со Форум Клуб Хендбал. Тоа значи зелено светло за формирањето на новата Евролига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk