Веспрем го купи Ракотеа

Унгарскиот клуб Веспрем ја продолжува новиот тренд што сезонава го форсираат повеќе клубови. Да купуваат играчи не за следната, туку за сезоната 2019!

Романецот Дан Емил Ракотеа потпиша договор со Веспрем и ќе пристигне во Унгарија во 2019 година кога Веспрем ќе се ослободи или од Момир Илиќ или од Вилијам Акамбре. 

Ракотеа е играч на Висла Плоцк од 2014 година и долгорочно го реши прашањето со својата кариера, иако нелогично е да размислуваме дали во 2019 ќе биде играч на нивото на Веспрем. 

Висла Плоцк и оваа сезона не се пронајде, па и следи нов голем ремонт. Договорите им истекуваат на Вихари,Толедо, Јонеа, Ивиќ, од екипата сигурно заминува и Пјечовски (Ла Риоха). Доаѓаат Жига Млакар и Матеуш Горалски... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk