СП: Домаќинот мундијалот ќе го догледа на ТВ

Домаќинот на мундијалот, репрезентацијата на Германија, во продолжението на Светското првенство ќе биде само гледач повеќе. 
Германија во 1/8 финалето беше елиминирана од Данска, на натпревар на кој ја видовме нивната немоќ и тоа против тим кој двапати загуби досега на СП. 
Немаа идобра игра Германките ниту досега, Данска само потврди тоа што беше очигледно последниве месеци, дека домаќинот нема конкурентен тим за СП. 
Тоа веројатно им беше јасно во нивната федерација и пред СП, посебно по поразот од Литванија во квалификациите, па решија да се разделат од селекторот Михаел Биглер уште пред да почне првенството. 
Биглер останува селектор на Германија до 1 јануари, а потоа неговата функција ќе ја преземе Холанѓанецот Хенк Грунер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk