СЕХА: Јовиќ го украде шоуто, со кого војува?

Вардар и Металург одиграа убав натпревар, со епилог каков што се очекуваше, а тоа е победа на „црвено-црните“. Конечниот резултат е 31:24, со тоа што до 40 минута Металург не само што беше рамноправен, туку и водеше, во делови од натпреварот и со 4 гола разлика.
По 17:17 во 40 минута, Вардар направи серија од 10:3 и поведе со 27:20 по што се беше решено. 
За Вардар ова беше 10 победа по ред, за Металург пораз број 7. 
По средбата, на задолжителната прес конференција, насловите одново ги „украде“, Александар Јовиќ:

“Вардар е европски и македонски шампион, нивната победа е сосема заслужена. Одигравме добар меч, покажавме добра борба и сите играчи заслужуваат пофалби за максимумот што го дадоа на овој натпревар. Вардар е неприкосновен, му посакувам да игра во завршниците во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Но, сакам да го искористам овој момент и да испратам порака до сите кои сакаат да го видат Металург на колена и со клуч на бравата. Тоа нема да се случи, бидејќи имаме стабилен спонзор и Минчо Јорданов ќе изнајде решение за настанатата ситуација, а клубот ќе продолжи да работи со сите свои селекциите, како и со репрезентативците кои се во нашиот тим“, изјави Јовиќ.


Мораме да признаеме дека ни е малку нејасен тренерот на Металург.

Пред три-четири дена, по мечот со Целје, без со ништо да биде предизвикан, токму Јовиќ беше тој што изјави дека би било штета клуб како Металург да згасне. И дека се надева дека клубот ќе се спаси. И оваа изјава нормално веднаш си најде место во насловите. Сега изјавува нешто сосема друго... Со кого точно војува Јовиќ навистина не знаеме,  к
ако и да е, пораката до „Сите што сакаат да го видат Металург со клуч на брава“ (?) е испратена. Кои и да се тие.

Металург има многу работи за решавање. А некаков расплет очекуваме штом заврши СЕХА, а тоа кога е Металург во прашање се седум дена. Утре играат со Динамо Панчево, по тоа гостуваат кај Нексе. 

Момент за одбележување е дека откако на дуелот со Целје не можеше да смета на Палевски и Илиќ, вчера на дуелот со Вардар не го видовме Божо Ангелиќ.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk