Не бил Марсениќ, туку Хансен

Не бил Мијајло Марсениќ желба на францускиот тим ПСЖ туку другиот пикер на Вардар, Рожерио Мораеш. Но, тој е под договор со Вардар до 2019 година, ПСЖ нема него да го доведе, туку понуда испратил на нова адреса - во Флензбург.
Таму игра помладиот од браќата Тофт Хансен, Хенрик. Данскиот репрезентативец сега е на списокот на Раул Гонзалез и се чини дека ПСЖ ќе го одврзе ќесето за да му ја исполни оваа желба на новиот тренер. 

Така пишува Л’Екип. Еден од најугледните спортски весници во Европа, повикувајќи се на извори во клубот. Тие објавија дека ПСЖ нема да прави напори за Мораеш, туку дека Хенрик Тофт Хансен треба да биде замената за Швеѓанецот Нилсон кој во јуни ќе оди во РНЛ. 
Л’Екип потврди дека ПСЖ води преговори за ангажман на еден од најдобрите дефанзивци воопшто, Виран Морос  од Барселона кој треба да го замени Хенрик Мелгард, дека веќе е договорен Винсен Жерар како замена за Тјери Омејер кој ја одложи пензијата и дека наскоро треба да се знае дали информациите од данските медиуми дека Николај Маркусен доаѓа во Париз се реални или само шпекулации. 

Раул Гонзалез во ПСЖ најверојатно ќе си доведе нов шпански асистент. Тоа би требало да биде Хавиер „Хота“ Гонзалез, тренерот на Ла Риоха. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk