Фаворитите паднаа како круши

Ракометната хиерархија што постоеше досега, се сруши уште во првото коло од 23 Светско првенство. Фаворитите паѓаа како круши, а на пеидесталот за најголемо разочарување се искачи Франција. Лакрабер, Лејно,Дембеле и другарките беа поразени од Словенија. Од преполовената Словенија. Минимален пораз на Французинките победа каква што Словенија не ни сонуваше. 

Додека Словенија го пробиваше својот пат кон сензација во Трир, друга репрезентација во Олденбург подготвуваше изненадување. Јапонија водеше три гола разлика на полувреме против екс-светскиот првак Бразил, на крајот натпреварот заврши нерешено (28:28). Убава најава за Олимписките игри, Јапонија нема да биде само добар домаќин. 

И од Битенхајм стигнаа вести за изненадувачки резултат. Овој пат не се работи за сензација, но Шведска од улога на фаворит со празни раце си замина од дуелот со Полска. 

Вечерниот термин беше резервиран за надобрите натпревари. А таму Шпанија беше подобра за четири гола од Ангола, Норвешка полесно од очекуваното ја совлада Унгарија, а Јужна Кореја и сервираше горчливо изненадување на Холандија. Кореја победи 24:22. 

Црна Гора одигра импресивен натпревар и ја совлада Данска, а веќе денеска игра ново дерби - со Русија. 




Група „А“
Романија - Парагвај     29:17 (16:7)
Франција - Словенија  23:24 (10:13)
Шпанија - Ангола         28:24 (15:13)
Денеска:
14:00   Словенија - Романија
18:00   Ангола - Франција
20:30   Парагвај - Шпанија


Група „Б
Чешка - Аргентина      28:22  (15:9)
Шведска - Полска        30:33 (15:17)
Норвешка - Унгарија  30:22 (21:11)
Денеска:
14:00   Тунис - Бразил
18:00   Унгарија - Шведска
20:30  Норвешка - Аргентина


Група „Ц“                         
Русија - Тунис                 36:16 (14:9)
Бразил - Јапонија         28:28 (12:15)
Данска - Ц. Гора            24:31 (12:17)
Денеска:
14:00   Тунис - Бразил
17:45   Ц. Гора - Русија
20:30   Данска - Јапонија

Група „Д“
Германија - Камерун   28:15 (12:7)
Србија - Кина                 43:23 (21:11)
Холандија - Ј. Кореја   22:24 (11:14)
Денеска: 
14:00  Камерун - Србија
18:00 Кина - Холандија
20:30 Ј. Кореја - Германија



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk