СП и траеше само две минути

За германската ракометарка Ким Наиџинавичиус, Светското првенство заврши по само две минути. Во првиот позициски напад на Германија, малерозната ракометарка се судри (колено со колено) со една од дефанзивките на Камерун и ги скина лигаментите на коленото. 
Мундијалот за неа е готова работа, а се чини дека и целата сезона, сите тренинзи, подготовки, желби и амбиции отидоа неврат, а сите проблеми и се сведоа на еден - решавање на проблемот со коленото. 

Наиџинавичиус е една од најдобрите ракометарки на Германија, а нејзиното отуство се почувствува уште на мечот со аутсајдерот Камерун. Германија убедливо го доби тој натпревар со 28:15, но во првиот дел мораше да вложи диполнителен напор и воопшто не изгледаше супериорно против „егзотичниот“ и немногу квалитетен противник. 

Дополнителен проблем за селекторот Михаел Биглер, кој патем речено по мундијалот ќе биде сменет, е повредата на скочниот зглоб на Емили Болк, една од нивните ѕвезди што треба да засјаат на СП. Повредата е ситна, поради неа Биглер и се реши место со 16 да настапи со 15 играчи на премиерата, но сега ќе мора да бара опција од резервите, поради Наиџинавичиус. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk