Распродажба во Целје

Словенечкиот првак, Целје Пивоварна Лашко и оваа година се соочува со проблемот со кој и минатата си имаше белја. 
Клубот постојано произведува и промовира играчи кои си заминуваат и му ја оставаат сизифоската работа на тренерот Бранко Тамше, одново и  одново да бара, тренира и создава играчи. 

Годинава веќе беше објавено дека од екипата си заминува Жига Млакар кој треба да се пресели во Висла Плоцк, а германските медиуми денеска објавија дека и Хановер се договорил со голманот Урбан Лесјак. 
Целје имаше неколку одлични партии во ЛШ годинава и тоа беше доволно за Антонио Ортега да го заокружи неговото име во својот нотес. 

Хановер пред неколку дена објави дека потпишал нов договор со Мартин Цимер, па со доаѓањето на Лесјак голманската позиција во клубот е комплетирана. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk