ППД Загреб го сруши РНЛ

Прегустиот распоред на натпревари очигледно почна сериозно да му влијае на резултатите на шампионот на Германија, Рајн Некар Левен кој влезе во долга серија од шест натпревари без победа.

Вечерва на премиерниот натпревар од 10.коло во Лигата на шампионите, РНЛ беше поразен во Загреб. Хрватскиот шампион и член на СЕХА Гаспром, го совлада Рајн Некар Левен со 30:26 (17:13), пораз идентичен како тој што го претрпеа во Скопје. 

Гудјон Валур Сигурдсон со 9 гола беше најефикасниот играч на натпреварот. Златко Хорват од Загреб постигна 8 гола, а македонскиот интернационалец Филип Талески беше стрелец на два погодока. 

Сега РНЛ е на четвртото место и губи чекор со Барселона и Нант. Четвртото место во оваа група е едно од најнепосакуваните, затоа што директната битка за фајнал фор го носи Пари Сен Жермен. 
Загреб со оваа победа останува во трка со Кристијанштад за последното место што носи пласман во Топ 14.


Кил го изненади Флезнбург како гостин и го совлада со 33:30 (15:17). Сега тие се израмнија со Веспрем на позицијата 3 односно 4 во групата „Б“. Келце кој има три бода помалку од нив исто така е конкурент за оваа позиција. 
Четвртото место во оваа група во 1/4 финалето за противник го носи Вардар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk