Митревски: Еурофарм доби рамноправен ривал

Еурофарм Работник доби противник за кој допрва ќе треба да собира информации. Се работи за норвешки тим, Филинген од Берген, екипа која е од средината на табелата на Норвешка и со тоа на хартија е противник  што е релативно израмнет според квалитетот со македонскиот тим. 

Филинген минатата сезона го немаше во Европа, а претходно, во 2016 со безмалку истиов состав стигна до полуфиналето на Челинџ Куп каде што налета на Бенфика за која бранеше Никола Митревски. Бенфика победи на двата натпревара. На првиот со 35:22, а на вториот со 27:25. 
Македонскиот голман сега е во Констанца, но го памети дуелот со Норвежаните.

“Како и секоја норвешка екипа и Филинген е тим што многу трча. Имаа одличен голман и два опасни бека. Нивниот најопасен бек, Елвинг Тонген си замина и тоа е добра вест за Еурофарм. Мое мислење е дека ова е најрамноправниот противник што можеа да го добијат од групата. Сепак, нема да биде лесно. Но, ако се засилат на полусезона, мислам дека Еурофарм ќе има добра шанса да се пласира во следното коло“, изјави Никола Митревски. 


Најопасен играч на Норвежаниве сезонава е левиот бек Торе Андре Лунде. Тој на Вогошча од БиХ со која играа во 1/16 финалето на Челинџ и даде 15 гола. Двата натпревара се играа во Вогошча, а Филинген победи на првиот со 33:35, на вториот со 30:21. 

Тоа што Норвежаните веќе еднаш се решија двата меча од Челинџ да ги играат како гости, можеби е добар знак за Еурофарм Работник. Во секој случај треба битолчаните да им понудат повторно да гостуваат, па ако Норвежаните прифатат, тогаш, шансите на македонскиот тим ќе пораснат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk