Мојсоски: Само да не се Турда или Краснодар

Екипата на Еурофарм Работник е освежување на македонската ракометна сцена. Клубот за релативно кратко време се промовираше од како еден од македонските претставници на кои во Европа треба да се води сметка. На хартија се нови и дебитанти, но во реалност оваа екипа е составена од искусни борци кои минале многу што низ нивната кариера и се овде како продукт што треба да биде сериозно сфатен.

Еурофарм Работник успешно ја мина првата препрека во Челинџ Куп, а тоа беше Гранитас Каунас. Во еуфоричните моменти кога Вардар е европски првак, Металург како-така си држи ниво на ЛШ, не смееме да бидеме мегаломански расположени. Вардар никако не е македонска спортска реалност. Македонската спортска реалност е некаде под границите на тоа што го игра на пример Еурофарм Работник. Затоа настапот на битолчаните треба да има посебно место во ракометната историја. 

Еурофарм Работник, по првото утринско кафе, ќе ја има онаа можност да крши прсти и да навива да му падне полесен противник и надеж дека неговата приказна во Европа ќе трае. 

Списокот на противници е познат, желбите се...


„Кој и да ни биде противник ние мораме да бидеме конкурентни. Го знам списокот, има тука сериозни екипи. Искрено од се што имам слушнато, не сакам да ни бидат противници романската Турда или Краснодар од Русија. За Норвежаните не знам ништо, знам дека си држат некое ниво и дека не се лоши. За нас Луксембург или АЕК би биле некако најдобро решение, противник за кој можеме да кажеме дека би требало да го минеме. Мадера, Вестамнејар? Тоа се непознаници, но додека не видиме кој е, не сакам да навлегувам за тоа какви се нашите шанси“, вели Златко Мојсоски, ракометарот на Еурофарм Работник. 


Ждрепката по која битолчаните ќе го добијат противникот ќе биде одржана утре во 11 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk