Кој е следен „челинџ“ за Еурофарм Работник

Еурофарм Работник утре ќе го дознае името на противникот во 1/8 финалето на Челинџ Куп. Еурофарм Работник спред рејтингот утврден на почетокот на сезоната во 1/8 финалето влегува како тим од вториот шешир и ќе добие условно кажано потежок противник. 

На списокот има неколку незгодни противници, но и неколку што ги означуваме како одлична можност да ги видиме битолчани и во 1/4 финале. 

1 Шешир: АЕК Атина (Грција), Вестманејар (Исланд), Берхем (Луксембург), Фулинген (Норвешка), Мадеира (Португалија), Турда (Романија), Динамо Виктор (Русија), Краснодар (Русија)

2 Шешир: Еурофарм Работник (Македонија), Ред Бојс (Луксембург), Рамат Хашрон (Израел), Зрињски (БиХ), Визе (Белгија), П. Бистрица (Словачка), Ѓозтепе (Турција), ЗНТУ Ззапорожје (Украина). 

На Еурофарм Работник би му посакале да се сретне со АЕК, Берхем, Динамо Виктор или Вестманејар, а никако не би му ги посакале Краснодар или Турда. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk