Брестовац го сруши и шампионот

Откако го елиминираа вториот литвански тим во Челинџ Куп, Данило Брестовац и Дарко Георгиевски, запишаа уште еден убав успех со екипата на Диферданж. 

Во дербито на колото, Диферданж како гостин му отчита лекција на шампионот Еш. Екипата на Брестовац победи како гостин со 31:27, а во текот на натпреварот комплетно доминираше, па имаше предност и од 12 гола во еден момент. 
Дарко Георгиевски беше стрелец на три гола за Диферданж, а угледот на македонскиот тренер сега е барем за едно ниво повисоко отколку пред дербито.

Диферданж и Еурофарм Работник денеска се најдоа заедно во вториот шешир за ждерпката за Челинџ Куп и нема да можат да играат меѓусебе во следната рунда. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk