Дувњак на ЕП? И јас би сакал да знам!

Насмевките на хрватските навивачи по објавувањето на веста дека Домагој Дувњак се враќа на теренот во декември и ќе биде спремен за настап на ЕП, ги снема откако тренерот на Кил, Алфред Гисласон, јавно му порача на некогаш најдобриот играч да не игра на ЕП. 

Тоа го стави Дувњак во многу непријатна ситуација практично да мора да бира меѓу клубот каде што е прфесионално ангажиран и репрезентацијата која пред свои гледачи ќе се бори за медал, условно кажано златен. 

„Дали ќе биде Дувањак на ЕП? Тоа и мене ме интересира“, изјави Лино Червар за нашиот веб сајт. 


Домагој Дувњак во април годинава отиде на операција за да ги реши проблемите со повреди со кои се мачеше со години. Оттогаш нема стапнато на терен, па дури и да биде физички подготвен, прашање е колку ќе може да пружи со оглед на тоа дека паузата е подолга од шест месеци. 

Лино Червар ќе ги има на располагање двата централни бека на Вардар, Лука Циндриќ и Игор Карачиќ, но во Хрватска играта долго се градеше врз Домагој Дувњак и неговото евентуално отсуство сигурно ќе биде голем хендикеп, без оглед што Циндриќ на пример игра за чиста десетка. 

Притисокот врз Дувњак од страна на клубот дополнително ќе биде зголемен откако Кил, вчера, претрпе уште еден пораз во Бундес лигата. „Зебрите“ загубија на гостувањето кај Гумерзбах и сега се на осмото место или на ранг на Лајпциг и Магдебург со загубени 11 бода или шест повеќе од водечкото дуо Флензбург-Берлин, а пред нив се и Хановер, РНЛ, Мелзунген. Во овој момент не само место во ЛШ, туку и настап во Европа воопшто е позиција за која ќе треба да се борат со нималку пријатни противници. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk