Лино од денеска повторно во Металург

Металург повторно ќе го има хрватскиот стручњак Лино Червар во улога на главен кормилар. Како што дознаваме, Лино Червар, попладнево треба да пристигне во Скопје, и ако е се во ред уште вечерва ќе се појави на тренинг на Металург. 

Хрватскот тренер долго време беше отсутен поради обврски со репрезентацијата. По птретходен договор со ХРС и Металург искомбинира да работи во Хрватска, а да контролира што се случува во Скопје. По неделата на ЕХФ  тоа остана во Загреб додека екипата во Лигата на шампионите ја водеше Александар Јовиќ заедно со Ванчо Димовски. 

Металург почна добро без него, но сега врза дури пет порази по ред и тоа можеби е причината што Червар одново доаѓа во Скопје.
Не знаеме дали Лино Червар ќе остане до крај на Лигата на шампионите, во случајов тоа се две кол. Не знамеме ниту воопшто дали и викендов ќе го води тимот со Мотор Запорожје, одговорот на тоа прашање ќе го добиеме деновиве.

Едно е сигурно, неговото враќање ќе има некаков ефект врз се што се случува со Металург во моментов.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk