Лазовиќ го пропушта мундијалот

Ракометарката на Вардар, Барбара Лазовиќ, го откажала настапот на Светското првенство во Германија, објавија денеска словенечките медиуми. 
Лазовиќ го информирала селекторот Урош Брегар дека нема да настапи на мундијалот и веќе не е на списокот на 20 ракометарки на кои смета словенечкиот селектор. Ана Грос, ракометарката на Мец ќе биде првиот избор на позиција десен бек на мундијалот. 
Во тимот поради повреда нема да биде ниту екс вардарката Тамара Мавсар, Бугарката Омореги која доби словенечки пасош нема право за настап, повредена е и првата голманка Миша Маринчек. 
 
Словенија на СП е во група со Франција, Романија, Шпанија, Ангола и Парагвај и нивните шанси не изгледаат многу добро. 

Лазовиќ не е единствената вардарова ракометарка што ќе го пропушти мундијалот. Андреа Лекиќ е повредена и нејзиниот настап е неизвесен, иако таа како и Драгана Цвијиќ се на скратениот список на селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ. 

Александра Лакрабер и Амандин Лејно се на списокот на Оливие Крумхолц и ќе ги бранат боите на Франција, а Евгениј Трефилов се уште не одредил со каков состав ќе игра на СП, односно дали некоја од вардаровите ракометарки ќе биде повикана... конкретно Полина Кузњецова би можела да биде во тимот, не веруваме дека ќе ги повика Суслина и Хмирова. 


фото: zrkvardar.mk
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk