Дувњак се враќа на терен

Домагој Дувњак ќе се врати на терен следниот месец и најверојатно ќе биде подготвен за настап и на Европското првенство во Хрватска. 
Оваа информација, додуша делот за враќање во Кил ја објави локалниот Килер Нахрихтен, а се повика на изјави на тренерот Алфред Гисласон и на самиот Дувњак. 

„Екстремно битно за нас е Дувњак да се врати што побрзо. Но, нема да ризикуваме со прерано враќање за да не го вратиме назад процесот на рехабилитација“, изјави Гисласон. 


Дувњак вели дека сака да игра на ЕП, но приоритет во моментов е враќањето во Кил.


„Имам болки при одредени движења. ЕП во мојата земја е нешто посебно и јасно дека сакам да бидам во тимот. Затоа и работа толку напорно секој ден. Но, приоритет во моментов е Кил и сакам да се вратам за да помогнам на тимот“, изјави Дувњак. 


Хрватскиот плејмејкер, на операција замина во април, за да ги среди сите проблеми со коленото што го мачеа со години. Оттогаш нема одиграно натпревар, паузата е долга, па нема гаранции за тоа каков ќе биде кога ќе се врати. За почеток, Кил сака да го има барем десетина минути во полувреме, по тоа... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk