Нора Морк жртва на хакери

Нора Морк, најдобрата ракометарка на Норвешка и член на Ѓер, денеска е во центарот на вниманието. Таа се појавија на норвешката телевизија и ја раскажа својата страна од приказната која е актуелна два месеца, иако малку јавно се зборува за нејзиниот случај.

„Есенва ми беше хакиран телефонот, преку апликација, и ми беа украдени приватни фотографии што по тоа се најдоа на интернет. Се чувствував фрустрирано, исплашено, немоќно. Мислам дека ми се сруши целиот свет. Не сакав да играм веќе за Норвешка, ниту на Мобелринген, ниту на СП. Сакав да одам некаде далеку, на другиот крај на светот и да останам таму до Божиќ“, низ солзи раскажуваше Морк. 


Ова не е само приказна, Морк навистина сакала да се оддалечи од сите додека повторно се пронајде. 


„Долго размислував, но сфатив дека така, тој ќе победи. Затоа, решив, јавно да излезам и да си ја вратам контролата врз мојот живот. Случајот го пријавив во полиција и ќе ги следиме сите што ги имаат и што ги споделиле моите приватни фотографии“, изјави леворакиот бек на Норвешка. 

Полицијата го пронашла виновникот, момче или маж во дваесеттите години го хакирал мобилниот телефон на Морк и сега се води поопширна акција за да се пронајдат и спречат и тие што го продолжиле неговото дело. 

Кога веќе сме на темата да напоменеме дека минатиот месец и на два македонски ракометари им беше хакиран ФБ профилот. Тоа се Никола Костески и Филип Талески. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk