Настрадаа лигаментите на Алтхаус

Сериозна повреда заработи довчерашната ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус. Германската ракометарка, сега член на европскиот првак Ѓер ги повреди лигаментите на коленото и ќе паузира три до четири месеци. 

Ѓер денеска објави на официјалнио веб сајт дека Алтхаус има скинати колатерални лигаменти на коленото, но дека конечната дијангонза, начинот на кој ќе се лекува и времетрањето на паузата ќе бидат познати откако ќе се направат сите потребни прегледи. 

Паузата од три до четири месеци засега звучи како оптимистичко сценарио, а како ќе биде ќе покаже времето. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk