ИХФ ја ограничи натурализацијата

Советот на ИХФ, на седница што е во тек, донесе одлука да се ограничи бројот на натурализирани ракометари и да се променат условите под кои играчите ќе можат да облечат дрес на држава што не е нивна матична.

Веќе најавивме какви ќе бидат промените, сега официјализираме. 

Секоја држава ќе има право на терен да има максимум три натурализирани играчи. Ова е промена, досега немаше лимит на бројот на натурализирани ракометар(к)и. 

За да може еден ракометар да биде натурализиран ќе мора докаже дека живеел три години последователно во државата за која сака да настапува. Ова е исто така промена, досега играчот требаше да докаже дека живеел вкупно 24 месеци во кој било период од животот. 

Да има три години пауза од последниот настап за друга репрезентација. 

Ова не е се. За натурализиран играч ќе се смета секој што добил ново државјанство по својата 16 година. Ова се однесува и на тие што немаат настап за друга репрезентација. 
На пример, доколку Јанко Божовиќ, кој е роден во Бар, Црна Гора, австриското државјанство го добил по својата 16-та година ќе се смета за натурализиран играч. 

Намерно го одбравме Јанко Божовиќ за пример, затоа што најмногу вакви случаи ќе има во Австрија и посебно во Швајцарија. Во Швајцарија новороденче на странец не може да добие државјанство по основ на раѓање, па ќе има пребарување по изводите од матично кога ќе се составува националниот тим. 

Македонија во минатото имаше многу натурализирани играчи, посебно во женската репрезентација, но во моментов има само еден таков играч и тоа во машкиот тим. Тоа е Немања Прибак (фото) кој е во план на Раул Гонзалез за настап на Европското првенство во Хрватска. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk