Мојсо го блокираше Металург

Во Автокоманда почнува нова непријатна епизода. На ред дојде судската разврска на спорот меѓу Металург и ракометарите кои во 2015-16 година беа ослободени од обврските.
Една ваква епизода за Металург заврши поволно, откако неодамна ЕХФ се одлучи да се прогласи ненадлежен за разрешување на случајот што го водеше Филип Миркуловски против Металург. 

Но, во случајот со другите ракометари решаваше судот во Македонија, а прва за наплата дојде сметката на металурговата икона Наумче Мојсоски. Се работи за сума блиску 100.000 евра како што неофицијално се зборува. 

Поради овој спор, сметката на Металург е блокирана како што неофицијално дознаваме, а гледано од наш агол би рекле и дека судбината на Металург сега стои на стаклени нозе.
Наскоро ќе стигнат за наплата и сметките кон другите ракометари. 

Не дека има добар период, но мораме да апострофираме дека сето ова се случува во многу незгоден момент, во период во кој Металург игра во Лигата на шампионите и треба да плаќа и за организирање на натпревари на домашен терен и за патувања.

foto. rkmetalurg.mk 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk