The Keeper of Lost Causes (Kvinden i Buret)

The Keeper of Lost Causes е филмската адаптација на бестселерот „Жената во кафезот“ на данскиот писател Јуси Адлер Олсен. Филмот е одличен, но книгата е уште подобра и наша препорака е да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Никако по обратен редослед. Ако побрзате, во „Антолог“ можеби се уште има останото примероци од книгата потпишани од авторот. А и преводот не е лош. 

Обично филмските адаптации на добрите книги се лош продукт, освен ако режисер не е Питер Џексон или пак имаат буџет од 10 милиони за епизода како што има „Game of Thrones“. 
Но, Keeper of Lost Causes е сосема солидно сработен. Па дури и на авторот книгата, Јуси Адлер Олсен, со кого имавме можност да се запознаеме му се допаѓа како е филмот направен, иако има и значителни отстапувања од книгата. А штом добил зелено светло од пистелот, тогаш...
Можеби и фактот што сценаристот е истиот од „The Girl with the Dargon Tattoo“. 

Филмот е европски, односно дански, па не очекувајте специјални ефекти од кујната на Холивуд. Се работи за првиот случај на Сектор Q, сектор што го сочинуваат Карл Морк, намќорест детектив и Асад, имигрант, наводно од Сирија. Задача на Сектор Q  е застарените случаи да ги евидентира и архивира, но Морк и Асад наоѓаат многу недоследности в случајот на киднапираната политичарка Мерете Лингор... 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk