Почнува пребројување на странците

Државите што имаат повеќе од три натурализирани играчи следната неделата ќе треба да почнат да се пребројуваат, прегрупираат и да одберат кои тројца ќе им бидат во составот на следните официјални натпревари. 

Веќе информиравме дека викендов во Анталија, на Конгресот на ИХФ, треба да биде изгласана одлука за ограничување на бројот на натурализирани ракометари. Тоа ќе биде малку покомплексна работа отколку што изгледа на прв поглед. 

За натурализиран играч ќе се смета секој што добил ново државјанство по кој било основ по својата 16-та година. Како пример ќе ги земеме браќата Карабатиќ кои имаат српско-хрватско потекло, но живеат во Франција. Доколку тие добиле пасош по 16-та година (што за нив не е случај) ИХФ ќе ги сметаше за натурализирани. Ист би бил случајот и со Душебаеви на пример, иако во конкретниот случај и тие имаат шпански пасоши од раѓање.
Поентата во секој случај е лесна за сфаќање. 

Јасно најпогоден ќе биде Катар, но Валеро Ривера веќе се откажа од поголемиот број на странци. Па сепак, Даниел Шариќ, Рафаел Капоте (фото) веќе се двајца, а третиот ќе треба да го одберат. Дали ќе биде Марковиќ, Роин, Видал, Мемишевиќ, Мабрук, Стојановиќ... 

Русија ги има Шељменко и Горбок, Шпанија се уште може да го повика Штербик, Унгарија е со Џамали, но интересно ќе биде да се види како со ова ќе се справат Австрија  и кој од нивните странци како Сантос, Кирвелиавичиус, Алексиќ, Божовиќ во која фаза од животот добил пасош. Слично ќе биде и во Франција, Швајцарија, па и Германија во чии редови, посебно во женскиот тим има потенцијал да се исполни квотата. 

Во секој случај ќе има многу што да се проверува пред да се состават новите тимови. Јасно, условот е овој предлог на помине на Конгресот на ИХФ, што веруваме дека ќе биде случај, затоа што е поддржан од Хасан Мустафа. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk