Кил го сака Јиха за тренер

Кил ја игра најслабата сезона во последните 20 години и тоа повлече и кадровски промени во клубот. Ласло Силаги, поранешниот репрезентативец на Австрија ќе биде нов спортски директор, а менаџер останува Торстен Сторм кој успеа на Кил да му донесе 2 милиони евра спонзорски договори откако е на позицијата.

Главното прашање е кој ќе биде нов тренер, со оглед на тоа дека Алфред Гисласон веќе е на излезна врата. Германскиот „Билд“ открива дека следната сезона на кормилото на клубот ќе биде прославениот чешки ас Филип Јиха. 

Филип Јиха неодамна се пензионираше, а кратко потоа објави дека сака да стане тренер. Прво па машко би рекле, доколку нависина тренерската кариера ја почне на позицијата тренер на Кил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk