Работник си најде замена за Мајнов

Трендот во Македонија да се носат ракометни засилувања за кои светот не чул, продолжува со ангажманот на ракометарот што се вика Рите Мсквилидѕе. Доаѓа од Грузија, висок е 208 см, тежок 125 килограми и последно играл во Иран. 

Тој е замената за Лазо Мајнов во Еурофарм Работник и со нетрпение очекуваме да го видиме на терен. Тој бил ракометар на Металопластика каде што го „изделкале“ како играч, но не успеал да се наметне во некој подобар клуб. 
Но, веќе имавме едно засилување од 207 сантиметри во Прилеп, па затоа прво ќе го видиме на дело, по тоа ќе можеме да кажеме дали е засилување, иако би било нефер да кажеме дека Македонија има лошо искуство со грузиски ракометари, затоа што и Каландаѕе и Бакочадѕе, па Чантурија и најново Орјоникидѕе, се покажаа како добри инвестиции. 

Мсквилидѕе, пак, важел за еден од најголемите таленти, а притоа не мислиме на 208 сантиметри висина. Своевремено заинтересирани да му дадат пасош и да го натурализираат биле нашите стари познаници - Исланд. Но, ништо не биднало од таа работа. 

Рите во Битола доаѓа како 30 годишен ракометар за кого велат дека место рака има топ, игра во два правца и добро се движи за своите димензии. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk