Кежиќ си оди од Охрид

Хрватскиот централен бек Јосип Кежиќ добил исписница од Охрид и ќе си замине од клубот. Информацијата ја објави тренерот на охриѓани, Горан Андоновски, додавајќи дека по повредата на Кобетиќ кој не е уште фит за играње и со заминувањето на Кежиќ ова е нов голем удар за амбициите и квалитетот на клубот. 

Информацијата што Андоновски ја објави на својот ФБ профил е неофицијална, што исто така кажува многу. 

Со ова Охрид им се приклучи на Пелистер кој среде сезона остана без Филип Лазаров, на Еурофарм Работник кој остана без Лазо Мајнов и на Тинекс Пролет кој стана без Илија Темелковски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk