Црномуреста Бугарка ќе игра за Словенија

Ракометарката на Крим, бугарската интернационалка Елизабет Омореги доби словенечко државјанство и во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Словенија. 

Омореги има 20 години и е родена во Грција. Мајка и е Бугарска, татко и е Нигериец. Последен пат за Бугарија има играно во 2015 година, што значи дека следната календарска година ќе може да настапи за репрезентацијата на Словенија. Нема да може да настапи на СП во Германија што се игра во декември. 

Словенија беше слична репрезентација на Македонија во минатото. Имаше неколку натурализирани играчи што и носеа меѓународен успех, најпозната од нив секако е Наталија Дерепаско, но откако Крим го загуби нивото и ги снема странците и тие беа во криза неколку години. Но, сега одново се враќаат на сцената, а патем добиваат и едно вакво интересно засилување.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk